И денеска врнежи, но од утре…
Временска прогноза
Денеска ќе има појава на врнежи, но само во крајните западни делови. Во останатите региони преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми. Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.

Comments
Post a Comment